Intrax е глобална организација која е спонзор на голем број на J1 програми: Academic Year, AuPair, Internship/Career Training и најпопуларната програма за студенти WorkTravel USA. Intrax им овозможува на студентите од целиот свет единствена шанса: да живеат во различна култура, да се стекнат со ново работно искуство и да го усовршат англискиот јазик. Покрај ова програмите на Intrax претставуваат и можност за запознавање и дружење со врсници од различни култури од преку 100 земји. од 1980 год. до денес преку 300.000 студенти учествувале во програмите на Intrax. Со светска застапеност која вклучува неколку глобални и огромен број на локални канцеларии низ целиот свет и глобално спонзорство на J1 студентските визи повеќе од 25 години, Intrax е најголемата светска организација за културна размена и светски лидер за WorkTravel USA. Intrax од 01.09.2011 година им овозможува на македонските студенти да станат дел од соодветните програми преку канцеларијата на Intrax во Скопје.